Новиот шеф на Организиран, Абази, доби функција и во Академијата за судии и обвинители

by fokus

Новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази, ќе добие нова функција и во Академијата за судии и јавни обвинители.

Поточно, денеска на седница на Советот на јавните обвинители беа предложени нови членови на Управниот одбор на Академијата. За членови се предложени Ислам Абази, Фиданка Рајевска, а како земеници се предложени Бурим Рустеми и Ристе Бојаџиски.

Членовите на Управниот одбор, на број девет, се со мандат од две години, со право на уште еден мандат. Четири члена се назначуваат од редот на судиите, четворица се од редот на јавните обвинители, како и еден член од Министерството за правда.

Исто така на денешната седница беа предложени и членови за Комисијата за завршен на Академијата за судии и јавни обвинители и тоа: Газменд Мехмети и Јове Цветановски, а како заменици се предложени Фатон Азизи и Пецо Незировски.

В.В.

Поврзани новости