Новата влада на Аргентина ќе отпушти повеќе од 5.000 луѓе кои беа вработени претходно оваа година, пред Хавиер Милеј да ја преземе функцијата – претседател, соопшти администрацијата на новиот аргентински претседател, кој го носи прекарот „Лудиот“.
Отпуштањето на владините службеници е дел од сеопфатниот план кој, според Милеј, има за цел да ја трансформира економијата на Аргентина.
До крајот на годината се очекува инфлацијата во Аргентина да достигне околу 200 отсто, поради што новиот претседател се обврза да го намали бројот на вработени во јавниот сектор, како и да дозволи приватизација на државните компании со цел да се зголеми извозот и инвестициите.
„Целта е да се започне патот на обновата на нашата земја, да се врати слободата и автономијата на поединците и да се започне со менување на регулативата што го блокираше економскиот раст“, рече Милеј.
Минатата година илјадници луѓе протестираа во Буенос Аирес против економските политики што ги најави новоизбраниот претседател.
Милеј победи во вториот круг од претседателските избори на 19 ноември годинава.