„Новиот премиер ќе го пречекам со торта“, тврди Абазовиќ

by Fokus

Премиерот на црногорската влада во технички мандат – Дритан Абазовиќ изјави дека не му е тешко што наскоро повеќе нема да биде премиер. Тој истакна дека наследникот ќе го пречека со торта.

„Не, апсолутно. Јас, верувајте, мислам дека ќе почувствувам големо олеснување, со тоа што почнаа да ја формираат владата брзо, брзо, брзо и мислевме дека ќе биде до август. Верувајте има толку многу обврски. Дека владата ќе мора да работи цел август и ако се случи таа промена, ќе го пречекаме новиот премиер со торта, како што доликува, и културно ќе му ги предадеме неговите должности“, рече Абазовиќ во изјава за подгоричката „Адрија ТВ“. .

Кога Абазовиќ ја презеде премиерската функција, неговиот претходник Здравко Кривокапиќ одби лично да му ја предаде функцијата. Наместо лична средба, Кривокапиќ му оставил порака:

– „Ќе помине“.

„Со оглед на тоа дека имаме прекршување на уставните и оперативните процедури, не сакам со симулирање на регуларност да му овозможам легитимитет и очигледно кршење на демократските и правните постулати. Оставив јасна порака во кабинетот за минливоста: Ќе помине“, напиша тогаш Кривокапиќ.

Поврзани новости