429
На скопскиот аеродром е поставен натписот со новото име Меѓународен аеродром – Скопје. Буквите се со ист фонт како и поранешниот натпис на аеродромот кој до скоро се викаше „Александар Велики“.
Владата го преминува скопскиот аеродром од „Александар Велики“ во Меѓународен аеродром – Скопје во знак на добра волја во односите со Грција. Буквите од старото име на аеродромот беа симнати на 24 февруари, а при крајот на март на преименуваниот аеродром во Скопје по 12 години слета грчки авион во кој беше грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕијас. бак/са/13:48
Фото: МИА/nezavisen.mk