523
Новиот Клинички центар ќе биде приоритет за Владата и за него е обезбеден кредит од Банката за развој на Советот на Европа (ECB), информираа од Владата.
Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче вчера се сретнаа со делегација на ECB, предводена од Витомир Мајлс Рагуз, регионален менаџер на банката.
Се очекува конечната одлука за најдобрите опции за изградба на Јавната здравствена установа клинички центар „Мајка Тереза“ да биде донесена на една од наредните седници на Владата.