Бачев го предупреди Џафери да не му ја враќа иницијативата во која има фуснота дека не го признава за претседател

by fokus

НАТО е геноцидна организација, бараме повлекување на Одлуката за членство на Македонија во НАТО, изјави претседателот на НДМ, Јано Банчев, откако нновоформираната партија „Единствена Македонија“ денеска во Собранието поднесе Иницијатива за поништување на Одлуката за стапување на Република Македонија во членство во Северно-атланската договорна организација – НАТО.

-Денеска во Собранието поднесовме Иницијатива за донесување на Одлука за повлекување на Одлуката за стапување на Република Македонија во членство во Северно-атланската договорна организација – НАТО, што ја донесе Собранието на седницата одржана на 23 декември 1993. Според собраниското право, претседателот на Собранието треба да ја достави Иницијативата до сите пратеници од кои очекуваме пратеник или пратеничка група да ја процесуира оваа Иницијатива. Го предупредуваме Талат Џафери да не помислува да постапи како нашиот Предлог-закон за амнестија на бранителите кога на три пати ни ги враќаше материјалите поради фуснотата што ја има и оваа наша Иницијатива дека не го признаваме за претседател до уставната оценка за негов избор од Уставниот суд – изјави Бачев.

„Единствена Македонија“ смета, рече тој, оти на Македонија не и треба членство во НАТО, туку стратешко партнерство со Русија.

-За „Единствена Македонија“ НАТО, прво, е фашизоидна организација која не мисли на ништо друго туку на методите на повторно војување и нова светска војна која би била погубна за човештвото и второ, НАТО е геноцидна организација за Македонците со обидот за промена на нашето вековно име и идентитет. Очекуваме од пратениците, посебно македонските од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да бидат на висината на задачата и да ја усвојат оваа Иницијатива за која е потребно обично мнозинство од вкупниот број пратеници со што го обезбедуваме опстанокот на Македонија и Македонците – истакна Бачев.

Заменик претседателот на Единствена Македонија Стефан Влахов Мицов, рече:

-НАТО сака да го искористи македонскиот народ како топовско месо во новата свестка војна оти според пресметките на Пентагон по светската војна тие проценуваат да остане само 4 отсто од човечката популација. САД се спремни да војуваат со Русија до последниот европеец и со Кина до последниот азијат – истакна Влахов Мицов.

Поврзани новости