Новиот директор на „Паркинг“: Не ми се јавувајте ако ви ја блокираат колата

by fokus

Новиот директор на ЈП „Градски паркинг“ Скопје на својот Фејсбук профил испрати порака дека нема да прима протекции и на своите блиски им порача да не му се јавуваат ако автомбилот им е блокиран или ако им го крене „пајак“.

-Пријатели, роднини, колеги и познананици, барајте ме за кафе или за дружење во секое време после работните обврски. Ве молам да не ми се јавувате доколку вашиот автомобил биде блокиран со шепа или кренат од пајак. Правилата и законите треба подеднакво да важат за сите, а особено за оние кои ми се мене блиски, тоа е она што ќе ви го кажам доколку побарате протекција. Јавно ги повикувам вработените во ЈП Градски Паркинг дека треба да стават шепа и на мојот автомобил доколку немам пратено СМС порака!, напиша тој.

Христовски вети дека професионално ќе работи на решавање на хаосот со паркирањето во Скопје.

-По долгогодишните голготи приредени од актуелната извршна власт и покрај бројните домашни и меѓународни признанија и обуки, ја напуштам службата и продолжувам да им служам на граѓаните како директор на најголемото претпријатие за паркинзи во државава, напиша Христовски.

Инаку тој досега беше вработен во МВР откако не добил безбедносен сертификат за од УБК да се префрли во новоформираната Агенција за национална безбедност.

Контраразунавач кој останал без серитификат ќе го води „Градски паркинг“

Поврзани новости