Контраразунавач кој останал без серитификат ќе го води „Градски паркинг“

Таткото на новиот директор учествувал во протестите на 27 април и обвинуваше дека поради тоа син му не ја поминал селекцијата за во АНБ

by fokus

Контраразузнавач кој не ја поминал селекцијата за во Агенцијата за нацинална безбедност (АНБ) и чиј татко учествувал во протестите на 27 април во Собранието е назначен за нов в.д. директор на „Градски паркинг“.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска по десет дена откако го постави на функцијата, Филип Пасху, го разреши и за нов вршител на должност го назначи, Бојан Христовски кој во соопштението од Град Скопје е опишан како магистер на науки на факултетот за безбедност, при Универзитетот „Св. Климент Охридски“  и дека во својата струка има поминато повеќе меѓународни обуки.

-Христовски од 2006 година има работно искуство во Министерството за внатрешни работи, каде бил на повеќе на раководни позиции. Досегашниот директор на ЈП „Градски паркинг“ Филип Пасху има нова работна позиција во Градот Скопје, поради која повеќе нема да ја извршува функцијата директор на ова јавно претпријатие, соопштуваат од Град Скопје.

„Фокус“ испрати прашања до Град Скопје зошто се разрешува претходниот В.Д. директор за повторно да биде именуван вршител на должност, но од таму не одговорија и испратија само соопштение до сите медиуми.

Таткото на Бојан, Љупчо Христовски во јули 2020 гостуваше во радиото „Лидер“ каде обвини дека неговиот син останал без безбедносен сертификат затоа што тој се појавувал на протестите против промената на името.

Според документите кои тогаш ги објави медиумот, Бојан Христовски бил остранет од УБК преку одземање на безбедносен сертификат бидејќи татко му учествувал во протестетите.

-Јас веќе водам постапка пред судовите за одземањето на мојот безбедносен сертификат, кој е одземен целосно незаконски и тенденциозно. Подготвен сум ако е потребно да одам и до Стразбур. Во исто време, во оценката за одземањето на мојот сертификат, стои дека мојот татко Љупчо бил претседател на организацијата „Тврдокорни“, што е тотално неточно. Тој ниту некогаш бил, ниту е претседател на оваа организација, која ја води сосема друго лице, изјавил Бојан Христовски за „Лидер“.

Со формирањет на Агенцијата за национална безбедност, дел од вработените во УБК преминаа таму, а дел не добија безбедносни сертификати и останаа на работни позиции во Министерството за внатрешни работи, бидејќи УБК згасна.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости