849
Новоименуваниот директор на скопски Водовод, Марјан Митовски, според нашите сознанија, е член на УО на ЈП „Улици и патишта“, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
-Директорот Марјан Митовски е член на УО на ЈП „Улици и патишта“ и согласно законските прописи, тоа е директен судир на интереси на функциите. И, потребно е директорот да биде разрешен и да се почитува Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси како и во Македонија така и во службите на Градот Скопје, а за истово, како советничка група, ќе поднесеме и претставка, рече Митева.
Митева порача дека Митовски треба да биде разрешен.