Новинарскиот форум од Подгорица со поддршка за Кежаровски

by Фокус

Подгоричкиот новинарски форум се приклучи во апелот до македонските власти за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски од одговорност во процесот „Ликвидација“ и казната од четири и пол години затвор.

Повикот за поддршка го упатија уредничките на „Фокус“ и на „Нова ТВ“, Јадранка Костова и Биљана Секуловска во текот на панел-дискусијата на која учествуваа новинари од Црна Гора, Србија, Албанија, Хрватска, Словенија, Косово, Босна и Хецеговина и од Македонија. Сите со силен аплауз застанаа зад иницијативата и повикаа да не се казнува слободата на новинарското изразување.

– Мислам дека ние во Македонија сме шампиони во неслободни медиуми. Таквата состојба најдобро ја отсликува примерот со уапсениот и осудениот новинар поради објавен текст. Потоа Кежаровски ја истражуваше смртта на уредникот на „Фокус“, Никола Младенов и неговата сомнителна сообраќајна несреќа. Прво тој беше опоменат да престане да пишува за сообраќајката, за потоа да биде спектакуларно уапсен и осуден за издавање на идентитет на заштитен сведок, дури пет години по објавување на текстот – им објасни Костова на новинарите од регионот кои недвосмислено застанаа зад повикот за слобода.

Инаку, во Подгорица се одржа тридневен новинарски форум чија тема беше „трагање по изгубениот професионализам“. Низ дискусиите јавноста имаше можност да слушне ставови и мислења на угледни новинари, правници и на книжевници.

Screenshot_2014-11-15-21-21-15

Поврзани новости