297
Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници денеска протестираат пред Граѓанскиот суд во Скопје.
Протестот се однесува на судската пракса што беше воведена со пресудата против ИРЛ, каде што судот си одреди улога да решава кој смее, а кој не смее да работи како новинар.
„Сметаме дека е нанесена неправда со оваа пресуда, факт заради кој решивме гласно да го кажеме ставот на новинарите“, рекоа во повикот за протест и од ЗНМ и од ССНМ.
И Институтот за медиуми и аналитика ИМА се приклучи на овој повик и изрази безрезервна поддршка.