Новинарот Владо Апостолов повикан во ОЈО откако објави текст за избеганиот сопственик на „Секјуриком“

by fokus

Јавниот обвинител кој постапува во предметот познат во јавноста како „Секјуриком“, денеска го повикал авторот на објавеното интервју на Призма – интернет страница на БИРН Македонија, Владо Апостолов, со сопстевеникот на „Секјуриком“, Волфган Гампер.

-Во насока на расчистување на фактите, новинарот даде исказ по однос на наводите во текстот дека располага со имиња на лица кои изнудувале пари од обвинетиот. Во дадената изјава во обвинителството, авторот истакна дека освен објавените тврдења не располага со друг доказен материјал за наводите на обвинетиот. Со цел да се испитаат ваквите тврдења, обвинителот ја запозна одбраната на обвинетиот со содржината на интервјуто и побара да достави докази и информации што ќе помогнат во утврдување на вистинитоста на наводите. Адвокатите на обвинетото лице потенцираа дека се запознаени со тврдењето на обвинетиот, но конкретни имиња не биле посочени од страна на обвинетиот во ниту еден момент додека престојувал во Република Македонија. При тоа, адвокатите го советувале, доколку е сигурен во тврдењата да пријави до надлежните органи, но, обвинетиот одбил тоа да го стори. Во текот на истражната постапка што се водеше за предметот „Секјуриком“, надлежниот обвинител ги сослуша осомничените и сите одговорни лица во својство на сведоци. Дадениот исказ на обвинетиот не укажува на ниту една околност наведена во интервјуто, односно дека тој или било кој од управителите на фирмите во негова сопственост биле жртви на изнуда во Република Македонија, соопшти Основното јавно обвинителство.

 

Поврзани новости