375
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го назначи Гилад Звик за нов советник за медиуми. Звик е конзервативен новинар кој во своите твитови го нарече Џо Бајден „неподобен“ да биде претседател на САД и изјави дека „полека, но сигурно ја уништува Америка“, пишува „Харец“.
Како што пренесе агенцијата „Асошиејтед прес“ тој објави твитови во кои сугерира дека ги поддржува тврдењата на Доналд Трамп дека изборите во САД во 2020 година биле наместени.
Назначувањето доаѓа во време кога американско-израелските односи се затегнати поради планот на Нетанјаху за реформи во судството и „ултранационалистичкиот карактер“ на неговата влада, пишува АП.
Американскиот претседател Џо Бајден изрази загриженост поради планот за преобликување на правниот систем, што доведе до масовни протести кои траат со недели.
Белата куќа изрази загриженост поради фактот што новата влада ја сочинуваат ултранационалисти кои некогаш беа на маргините на израелската политичка сцена, а сега се високи функционери кои, меѓу другото, се занимаваат со прашања поврзани со Палестинците и другите чувствителни области.