Докторот е ослободен, а условно осудени се поранешните директори на Тетовската болница

by Fokus

Условно се осудени поранешните директори на Клиничката болница во Тетово за пожарот во модуларната-ковид болница во која на 8 септември 2021 година изгореа 14 луѓе.

Поранешниот директор на болницата во тетово Флорин Бесими и организацискиот директор Артан Етеми, судот ги прогласи за виновни и ги осуди условно на година и шест месеци затворска казна во рок од 3 години да не го повторат тоа дело. Тие се обвинети за тешки дела против општата сигурност. Осудени се и да платат парична казна од 4 000 денари.

Правното лице ЈЗУ Клиничка болница Тетово е прогласено за виновно за истото дело и казнето со парична казна од милион денари.

Д-р Бобан Вучевски е обвинет по членот 206 за кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“  е ослободен од обвинението.

На докторот Вучевски му се судеше дека дозволил влез на роднини во болничките соби, иако тоа било забрането. За овој лекар за време на судењето се организираа и протести на кои се бараше негово ослободување.

Судијата Јордан Велков на брифингот со новинарите рече дека обвинителство не успеа да обезбеди докази за обвинетиот д-р Вучевски дека е виновен за делото за кое се товари, додека двајцата поранешни директори и правното лице судот ги прогласи за виновни, затоа што не обезбедиле, односно не поставиле противпожарни апарати во самата модуларна болница. Тие се виновни за непоставување на противпожарна заштита, а не за предизвикување на пожарот.

Поврзани новости