430
Од Основното јавно обвинителство денеска покренаа обвинение против новинарот Зоран Божиновски и тој се товари за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
-За овие кривични дела осомничениот беше гонет во текот на 2013 година, но поради неговата недостапност на органите на прогонот истрагата беше прекината и продолжи по екстрадиција на обвинетиот од Република Србија во Република Македонија на 21.04.2016 година, се вели во известувањето од Обвинителството.
Освен обвинението поднесено со Основниот суд Скопје 1, Основното обвинителство предложило и продолжување на притворот на Божиновски.