Новинарот Арбен Раткоцери за знамето со голема Албанија: „Патриотско“ шоу на Касами со патетична иконографија

by fokus

Oткако вчера тетовскиот градоначалник Билал Касами повторно зад себе имаше знаме на Голема Албанија додека промовираше улица, реагираше новинарот Арбен Раткоцери кој вели дека „патетеничната“ иконографија токму во моменти кога во Македонија е Ескобар е за да го иритира македонското население.

-Токму дента кога американскиот пратеник Ескобар во Скопје врши максимален притисок врз главните политички фактори за уставни измени, градоначалникот на Тетово Биљал Касами го одби со инаугурација на ‘улички поплочени со бекатон’. Сето тоа придружено со патетична иконографија со знамиња и мапи на Етничка Албанија. Акција координирана со некого заради повеќе од нормални реакции и иритација на македонското мислење и дефокусирање на посетата на американскиот функционер на Скопје, напиша Раткоцери.

Поврзани новости