Новинарските Сашка Цветковска и Наташа Стојановска денеска во својство на сведоци дадоа исказ пред Специјалното јавно обвинителство.
Тие во телевизијата А1 ја објавија аферата „Списоци“ за време на изборите во 2011 година. Во нивната сторија открија како владејачката партија ги заплашува вработените во администрацијата да носат списоци со сигурни гласачи.
Новинарките Цветковска и Стојановска ги добија списоците од анонимен извор, а на лицата на списоците им се јавуваа на телефон претставувајќи се како вработени во Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ.
На тој начин дошле до сведоштва на граѓани, кои биле принудувани да донесат по 15 гласачи на партијата доколку сакаат да си го задржат работното место или да бидат вработени, па дури биле уценувани и со бесплатно ин – витро оплодување. По обелоденување на аферата, власта најави тужби за новинарките, но никогаш не ја реализираше најавата
Јавното обвинителство тогаш отвори истрага, но истата брзо беше затворена под образложение дека нема доволно докази.