650
Новинарката Марина Овсјаникова денеска беше сослушана во Окружниот суд Останкино, пренесуваат медиумите од светот.
Таа е осудена поради видеото што го снимила пред упадот во програмата, преку кое ги повикала луѓето на бунт. Против неа се спроведува и предистражна проверка за прекршување на член 207.3 од Кривичниот законик (јавно ширење на намерно лажни информации за употреба на руските вооружени сили).
Според овој член, новинарката може да се соочи со парична казна од 700.000 рубљи, но и затворска казна од три до 15 години.