Канадската новинарка со македонско потекло, Наташа Стојаноф, објави сведоштво во кое опишува како Доналд Трамп сексуално ја нападнал при интервју кое таа го правела со него во неговата куќа во 2005 година.
-Кога направивме пауза за Меланија, која тогаш беше во поодмината бременост, да оди да се преслече за фотосесијата, Трамп сакаше да ми го покаже имотот и инсистираше дека има една ’исклучитечна’ соба која мора да ја видам. Влеговме во собата и Трамп ја затвори вратата зад нас. Се свртев, и за секунда Трамп ме притисна на ѕидот и ми го втурна јазикот до грло. Јас сум висока девојка, порасната во тепачк со двајца огромни браќа. Еднаш дури бев спаринг партнер и на Мајк Тајсон. Треба многу за да ме бутнеш. Но Трамп е многу поголем – надвиснат – и беше брз, ме фати на изненадување и ме исфрли од рамнотежа. Бев благодарна кога долгогодишниот батлер на Трамп влета во собата минута подоцна, додека се обидував да се ослободам од неговиот стисок. Батлерот нѐ информираше дека Меланија веднаш ќе се симне и дека е време да продолжиме со интервјуто, напиша Стојаноф.
Стојаноф уште пишува дека додека ја чекале Меланија Трамп и рекол: „Знаеш дека ќе имаме љубовна афера, нели? Си била ли на стек кај Питер Лугар? Јас ќе те однесам. Ќе имаме љубовна афера, ти викам“.
За ова сведоштво од новинарката, Доналд Трамп кусо прокоментира: „Не е точно дека сум ја бакнал или нападнал, мислам, види ја каква е!“.