Разрешен Kомандирот на противпожарната бригада, Благоја Менковски

by fokus

Kомандирот на противпожарната бригада на град Скопје Благоја Менковски е разрешен од градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, објави Актуелно.

За Актуелно Менковски го потврди неговото разрешување, но не сакаше да коментира ниту за причините, ниту дали го очекувал ова. Тој само рече дека совесно ја извршувал својата работа и функција речиси 40 години. Досега, речиси 17 години како Командир сум одговорил на сите предизвици и немало забелешки за мојата работа, ни изјави разрешениот Менковски.

На негово место веднаш е именуван Ѕвонко Томески. Од град Скопје и градоначалникот Трајановски нема никаква информација за смената на првиот човек во Противпожарната бригада на град Скопје.

Поврзани новости