393
Снимателот Владимир Желчевски и новинарот Александар Тодевски се двајцата членови на екипата на А1он кои вечерва беа физички нападнати на протестот во Скопје.
Демонстрантите со тупаници и клоци ги нападнале новинарите, по што и двајцата завршија на Ургентен центар. Тие им ја искршиле и камерата, а потоа избегале.
Од а1он најавија дека ќе поднесат тужби до иницијативата „За заедничка Македонија” која е организатор на протестите.