424
Утре во 12 часот пред Владата ќе излезат новинарите во знак на револт од гнасниот чин, со кој се соочи новинарот Борјан Јовановски од ТВ Нова и неговото семејство, откако на домашна адреса му пристигна погребен венец со натпис „Последен поздрав“ од извесен испраќач Тодор Александров. Колегите на Борјан со гнасење и одлучно ќе му го вратат венецот на испраќачот, порачувајќи му така дека не му се плашат.
Новинарите ги повикуваат своите колеги и сите граѓани да излезат и пред зградата на Илинденска, каде што сметаат дека е правото место, кај што треба да се обратат на мирен начин да го изразат својот револт од страшниот чин, со намера повеќе да не се повтори.