Општиот контекст останува поволен за слободата на медиумите и овозможува критичко известување на медиумите и покрај сериозните наоди кои се дел од овој извештај. Посебно влијание на работата на новинарите имаше кризата со предизвикана од Ковид-19 каде беше зголемена тензијата во секторот. Нападите кон новинарите се зголемија а ветената нулта толеранција не се оствари зошто степенот на неказнивност остана висок, се вели во Извештајот на ЕК за Македонија.
Реформите кои се ветуваа во МРТ и Агенција за медиуми останаа уште една година нереализирани. Уште еден заклучок е дека потребно е да се продолжат напорите за прифаќање на саморегулација во медиумите кои би биле проследени со конкретни резултати и кои би ги задржале професионалните стандарди на новинарството, како и тоа да се обезбеди поголема транспарентност во однос на медиумското рекламирање од страна на државните институции и политичките партии.
МРТ освен со најмал буџет и со истечен мандат на советници како што е и случајот во Агенцијата за медиуми
Финансиската самостојност како и мерит системот за избор на менаџментот во овој медиум се два основни предуслови за независноста на јавниот сервис.
Извештајот вели дека властите, од нивна страна треба да ги зголемат напорите за реформа на МРТ, обезбедувајќи ја неговата независност и финансиска одржливост. Буџетот на МРТ е 13.1 милиони евра како што е нотирано во Извештајот и тоа е најнискиот буџет во последните десетина години кои го има овој медиум. Јавниот радиодифузен сервис усвои петгодишна стратегија за развој, но процесот на реформи е отежнат заради доцнењето во именувањето на членовите во неговиот Програмски совет и во Советот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги кои имаат истечен мандат.