Новинарите протестираа, преговорите за медиумите откажани

by Фокус

Новинарите го одржаа протестот пред Клубот на пратениците каде што партиите имаа закажано состанок за медиумите. Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани истакна дека не може новинарите, информациите за тоа што се случува на преговорите, да ги добиваат од страна туку бараат директно да бидат вклучени на преговарачката маса. Тие најавија дека ќе останат пред Клубот на пратеници со свирежи, во знак на револт да ги пречекаат политичките претставници кои имаат закажано средба за денеска во 12 часот. Но тоа не се случи затоа што во меѓувреме средбата на работните групи е одложена.

Protest Novinari 02

Новинарите се со транспарент „Не во наше име“, алудирајќи на тоа дека во нивно име се готви закон за којшто тие не знаат ни што точно содржи. Работните групи на четирите политички партии кои сакаат да најдат решенија за некои од отворените прашања поврзани со реформи на МРТ, Агенцијата за медиуми, МИА, како и измени на Законот за медиуми, денеска, сепак, нема да работат.

Protest Novinari 03

На членовите на работните групи тоа им било соопштено со образложение дека не се готови работните верзии на документите за кои требало да се дискутира. На вчерашната средба која се случи после неколкудневна пауза, белгискиот олеснувач Питер Ванхауте пред партиските претставници ги изложил можните решенија, но наводно немало подетална дискусија околу тоа што за кого е прифатливо.

 

Поврзани новости