ДОМ: Поповска никогаш не беше дел од пратеничката група на ДПМНЕ

by Фокус

Партијата на Лилјана Поповска денеска го поздрави враќањето на опозицијата во Собранието и истакна дека само со комплетен Парламент може на мирен начин да се излезе од политичката криза.

Од ДОМ посочија дека нивната пратеничка Лилјана Поповска ќе продолжи да дејствува со јасни позиции, со кои партијата како самостоен субјект истапи од владината коалиција.

-Таа во целиот претходен период на коалицирање дејствуваше како независна пратеничка и никогаш не беше дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, велат од ДОМ.

Според партијата, токму затоа Поповска била против законите за високо и средно образование, за урбанизам и просторно планирање, за уставно дефинирање на вонбрачната заедница итн., а предлагала закони за градски архитект, за зеленило, за една изборна единица, за заштитен сведок, за амнестија на 15.000 осудени социјалци и др.

Поврзани новости