Новинарите на ЗНМ ќе добијат 50% попуст за месечните билети на ЈСП

by fokus

Новинарите кои се членови на Здружението на новинари на Македонија ќе добијат поволност од Град Скопје, така што ќе имаат 50 отсто попуст за месечните автобуски билети на Јавното сообраќајно претпријатие. Оваа бенефиција е договорена меѓу ЗНМ и Град Скопје во рамки на меморандумот за соработка.

Одлуката за овозможување на новата поволност ќе биде разгледана утре од советниците на градското собрание. Како што стои во одлуката, со неа се обезбедуваат месечни билети за членовите на ЗНМ по цена намалена за 50 отсто.

„ Град Скопје во интерес на зголемувањето на транспарентноста во работењето на институцииите и отчетноста преку целосна отвореност за навремено и точно информирање, а во интерeс на граѓаните, склучи Меморандум со ЗНМ, кој во взаемен интерес ќе придонесе за постигнување на општопоставената цел. Затоа, како една од мерките која ќе овозможи непречено, ефикасно и динамично  работење на новинарите, членови на ЗНМ, е и обезбедувањето на намалување во висина од 50 проценти на месечни автобуски билети на подрачјето на град Скопје“, стои во одлуката.

М.В.

Поврзани новости