Груевски вечерта ја дочека во судница

by fokus

Експремиерот Никола Груевски слушаше бомби по 21 часот во судницата за предметот „Тенк“ за набавката на „мерцедесот“, објави Макфакс. Беа пуштени 8 бомби, од кои 4 што не беа јавно објавени.

Во една од бомбите поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, разговара со Груевски и му вели дека човекот од кој ја очекуваат спецификацијата за „мерцедесот“ е договорен.

„За да не ни улета некој друг“, разговараше Јанкулоска со Груевски, зашто, според неа, понудата е 100 проценти електронска и има малку простор за интервенција. Вели дека би можела да влета конкурентската фирма, ама не би требало да има проблем.

Тоа на „м“,  Јанкулоска и бившиот генерален секретар на владата, Кирил Божиновски, меѓу себе го викале „триаголникот“.

„Ние ова го праиме за да биде извесно, а за набавката на 150 возила да биде неизвесно за да се спушта цената“, му вели Јанкулоска на Божиновски во една од бомбите.

Поврзани новости