Новинарите на МПМ на протест против отпуштањата

by Фокус

Десетици новинари, пред се на редакцијата на весникот „Вест“ излегоа на мал протест во знак на незадоволство од најавите за отпуштања вработени низ сите весници на МПМ. Облечени во маици на кои пишува „Македонија вработува, се бориме за секое работно место“ новинарите испратија порака дека нема да се согласат со какви било бркања од работа.

Иако се уште не се знае точниот број колкумина од која редакција ќе настрадаат, сепак се споменува дека решенијата за отказ се подготвени. На удар се Вест, Утрински весник и Дневник.

Поврзани новости