493
Вработените во турскиот весник „Џумхуриет“ се одлучни да „ не попуштат“ пред притисокот по апсењето на главниот уредник.
„Нема да попуштиме“, е објавено на денешната насловна страна на еден од најстарите турски дневни весници. Просторот за текстовите на двајцата колумнисти кои се уапсени со уредникот е оставен празен.
Обвинителството во Истанбул наведува дека новинарите и уредниците се уапсени по истрага за наводна поддршка на движењето на муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен. Весникот ги отфрла тие обвинувања.
Апсењата предизвикаа осуда на меѓунардони официјални лица и организации меѓу кои и ОБСЕ.
Турската полиција вчера го приведе главниот уредник на Џумхуриет, Мурат Сабунџу, а Си-Ен-Ен Турк јави дека се издадени налози за апсење на вкупно 13 новинари од весникот.
Претходниот главен уредник на Џумхуриет, Џан Дундар е осуден на 6 години затвор поради објавување државна тајна вклучително и за акција на Анкара во Сирија.