583
Со пуштање на бели балони, на кои е испишано „Слобода за Кежо“, пред малку заврши протестот пред Владата, кој го организараа новинарите за поддршка на колегата Томислав Кежаровски.
Насобраните граѓани и новинарите, покрај пораките и критиките кои ги искажаа, во рацете држаеа и изработена карикатура на премиерот Никола Груевски, која кажува дека слободата на изразување е загушена, а медиумите се уништуваат.
Новинарите истакнаа дека по завршувањето на протестот сакаат лично да му ја подарат карикатурата на премиерот Груевски.