Колегите и граѓаните масовно го поддржаа Кежаровски

by fokus

Од две до три илјади новинари, студенти, граѓани, во моментот протестираат пред Владата, револтирани од правосилната одлука на Апелациониот суд, според која новинарот Томислав Кежаровски  се прогласи за виновен и доби затворска казна од две години.

Насобраната толпа најпрвин протестираше пред Апелациониот суд, а потоа се упати кон седиштето на Владата. На протестот се појави и новинарот Кежаровски, кој во утринските часови беше пуштен од затворот „Скопје“, по одлука на Управата за извршување на санкции.

Појавувањето на Кежаровски, и на неговата сопруга и малолетна ќерка, предизвика бура од емоции кај колегите од сите градови во Македонија и другите учесници во протестот, кои извикуваа пароли „Слобода за Кежо, Убијци, Судии папучари, Нема правда-нема мир, Корумпирани судии…“.

– Имаме среќна вест – Томче е со нас. Но, тој е пуштен само на лекување. Ова е само мала победа, но не е незначајна. Војната се уште не сме ја добиле. Кежо не го даваме. Освен слобода, друго за него не прифаќаме. Се беше во ред додека Кежаровски истражување за убиството во Ореше, па дури се беше во ред и кога истражување за недостатоци во постапката за тоа убиство – рече на протестот Тамара Чаусидис, претседателка на Самостојниот синдикат на медиумските работници, кој заедно со Здружението на новинарите на Македонија го организираше денешниот протест.

Поврзани новости