Новинарскиот пленум денеска во 12 часот пред Владата ќе го вратат погребниот венец кој вчера непознато лице го донело во домот на новинарот и уредник на НОВА, Борјан Јовановски.
На овој начин новинарите ќе покажат дека не му се плашат на нарачателот на овој грозоморен чин.
– Медиумите под контрола на режимот на Груевски со денови објавуваат пропагандни памфлети полни со омраза и повик за линч против нашите колеги, новинари – членови на Новинарскиот пленум и авторите на критички текстови, поради што сметаме дека сносат директна одговорност за ваквите грозоморни закани – порача Новинарскиот пленум.
Новинарите бараат од министерката Гордана Јанкулоска во рок од 24 часа да ги пронајде испраќачите на погребниот венец, а лидерот на ДПМНЕ и премиер да го осуди јавно овој морбиден чин и да ги повика своите медиумски и партиски џелати да ги запрат хајките против новинарите и да стават крај на оваа политичка некрофилија.