Новинар пријавил дека бил удрен со тврд предмет на протестот за „Монструм“

by fokus

Повреден новинар на вчерашниот протест за случајот „Монструм“ пријавил во полиција дека бил удрен со тврд предмет.

-МВР соопшти дека во полициската станица Бит пазар вчера околу 17:30 часот Б.С.(49) од Скопје пријавил дека, додека бил работно ангажиран како новинар за време на протестот за случајот „Монструм“, бил погоден со тврд предмет од толпата демонстранти, по што во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ му биле констатирани тешки телесни повреди.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Поврзани новости