Новинар од 1ТВ се пријавил да даде исказ за „Рекет“

by Fokus

Eден новинар од 1 ТВ се пријавил да даде исказ кај Обвинителството во врска со случајот „Рекет“, пренесува Телма.

Вработените во оваа телевизија пред неколку дена соопштија дека беше емитуван последниот дневник и тие беа испратени на принуден одмор.

Бојан Јовановски е во притвор за случајот „Рекет“, заедно со второосомничениот Зоран Милески.

Поврзани новости