685
Владата подготвува нова медиумска кампања со која, овој пат, ќе ја подига свесноста кај граѓаните за нивната улога и однесување во сообраќајот. Според договорот објавен денеска на сајтот на Бирото за јавни набавки, засега, кампањата ќе ги чини истите граѓани некаде околу 240.000 евра.
Овој договор се однесува на подготовка на медија план, закуп на медиумски простор за електронски и печатени медиуми и на внатрешно и на надворешно рекламирање. Со оглед дека проценетата вредност на овој тендер е точно половина милион евра, најверојатно и оваа кампања до нејзината реализација ќе чини токму 500.000 еввро-банкноти.