Адеми: Програмата ја усогласивме, ги делиме ресорите

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја усогласиле владината програма и сега разговараат за распределба на ресорите, потврди Абдулаќим Адеми, генерален секретар на „интегративците“ и предводник на преговарачкиот тим на албанската партија за формирање на новата влада.

– Многу скоро јавноста ќе биде запозната со договорот за формирањето на новата влада на коалицијата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но засега не може да се посочат конкретни имиња за соодветните функции – рече Адеми.

Поврзани новости