Нови тензии – Путин испраќа војска на границата со Финска

by Fokus

Русија се подготвува за долготрајна војна, а отпорот кон нејзината агресија е „клучен предизвик“ на генерацијата, рече денеска во Европскиот парламент финскиот премиер Петри Орпо.

Премиерот на Финска, земја која дели повеќе од 1.300 километри граница со Русија, на пленарната седница во Стразбур рече дека руската агресија против Украина е „силен потсетник“ за кревкоста на мирот во Европа, дека ја загрозува самата основите на Европската унија и е „клучен предизвик“.

„Русија очигледно се подготвува за долг конфликт со Западот“, рече Опро, премиер на финската влада, која се смета за најдесничарска од крајот на Втората светска војна.

Но, „Русија не е непобедлива“, додаде поранешниот министер за внатрешни работи, земјоделство и финансии.

Во април Финска стана 31-ва членка на НАТО, а Орпо нагласи дека оваа одлука не е донесена „лесно“ и дека тоа е јасен сигнал за посветеноста на Хелсинки за безбедноста на континентот.

„Војната во Украина беше повик за будење. Никогаш повеќе не смееме да бидеме толку зависни од другите за нашата безбедност и енергија“, предупреди тој.

Финскиот премиер изјави дека Русија ја користи илегалната миграција во Финска како оружје, испраќајќи државјани на трети земји преку своите граници, пишува 24сата.

Поврзани новости