663
Европската унија суспендираше уште 69 милиони евра од ИПА-фондовите наменети за Македонија. Истовремено на македонската Влада и се одзема правото самостојно да управува со европските пари и сите одлуки ќе се носат во Брисел.
Со новата одлука за кратење на фондовите, ЕУ нема да го поддржи проектот на македонската Влада за изградба на пругата кон Бугарија, во делот на железничката инфраструктура на Коридорот 8.
Ова е втор бран санкции, откако само пред неколку дена ЕУ замрзна 27 милиони евра.
Причината за одземање на ингеренциите на македонската влада да управува со финансиите што ги добива од европските фондови е заради неспроведените реформи и пролонгирањето на политичката криза.