Нови рочишта за „Траекторија“ и „Тенк“

by fokus

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите „Траекторија“ и раздвоената постапка за „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП Државни патишта, Љупчо Георгиевски.

Според СЈО, тие во 2012/2013 година ги пречекориле своите овластувања во постапката за избор на компанија за изградба на автопатските делници до Штип и Охрид и нанеле штета на Буџетот на државата од најмалку 155 милиони евра.

На претходните рочишта во раздвоената постапка за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во случајот „Тенк“ беа изнесувани материјални докази и сослушани сведоци, кои на некој начин биле вклучени во јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес гард“ во вредност од 600 илјади евра во 2012 година. 

Поврзани новости