Охрабрете се Македонци и продолжете по овој пат, порача Хајко Мас

by fokus

Претстојниот референдум претставува одлучувачки патоказ за натамошниот пат на земјата кон ЕУ, но сепак Македонците се тие кои треба сами да одлучат во која насока ќе се движат, вели шефот на германската дипломатија Хајко Мас во интервју за МИА непосредно пред неговата денешна посета на Македонија.

Мас функцијата министер за надворешни работи во кабинетот на Ангела Меркел ја врши од 14 март 2018 година, а претходно беше министер за правда и заштита на потрошувачите. Тој доаѓа од редовите на Социјал-демократската партија, а во интервјуто за МИА говори за Договорот со Грција, за претстојниот референдум и неговата важност за иднината на земјата, како и за неопходноста од постоење критичка дебата во секоја земја, која се декларира како демократска.

„Не можам да си замислам подобар момент за посета. Владите на Скопје и Атина во јуни испишаа историја. Спорот за името стоеше 25 години меѓу Македонците и Грците. Сега постои историска шанса за надминување на овој спор, а со тоа би се надминала и една од одлучувачките пречки за приближувањето на Скопје кон Европската унија. Сакам да ги охрабрам Македонците да продолжат по овој пат. Истовремено јасно ќе пренесам: ние стоиме зад европската перспектива на Западниот Балкан. Тоа ќе остане така“, истакна Мас.

Поврзани новости