Српскиот кризен штаб за сузбивање на корона вирусот, денеска во 10 часот ќе заседава, а по барање на премиерката Ана Брнабиќ најверојатно во Србија повторно ќе воведени рестриктивни мерки во повеќе градови заради се поинтензивното ширење на Ковид-19.
Според неа, мерките ќе бидат во сила на одредени места, а не на целата територија на Србија, но главниот град Белград секако ќе биде опфатен.
-Белград сигурно, затоа што во него има најмногу заразени луѓе, не по глава на жител ами вкупно, но повторно две третини од сите заразени се во Белград. Тоа е претежно помладата популација, така што ќе разгледаме како да таргетираме мерки и да го решиме тој проблем во тој момент, изјави српската премиерка за ТВ Пинк.
Според нејзината изјава работата на ноќните клубови ќе биде сигурно забранета, а истовремено ќе се разгледа и забраната или ограничувањето на работата на рестораните.
Таа рече дека размислувала за тоа што е паметно да се направо во моменталната ситуација, нагласувајќи дека вирусот ќе биде присутен сè додека не се развие вакцината против Ковид-19.