Продолжува африканскиот бран со поголем интензитет

by Frosina Fakova

Денеска времето во државава ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Во попладневните часови на планинските места ќе има услови за локален краткотраен дожд и грмежи.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност.

Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 35 степени. Утре и во среда ќе имаме претежно стабилно и многу топло време со максимални дневни температури кој ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 38 степени.

Од четврток повторно ќе започнат да растат условите за нестабилност на повеќе места со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локално НЕВРЕМЕ.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости