Точно еден месец од протестот против полициската бруталност на петти мај, граѓанското движење #Протестирам се враќа на улиците. Во петок во 18 часот граѓаните ќе се соберат на старото место, на булеварот Св. Климент Охридски во близина на Владата. Дестинацијата до која ќе маршираат уште не е позната.
„Еден месец по протестите на 5 мај кои ги извадија граѓаните на улица!
Еден месец од употребата на брутална сила против граѓаните и граѓанките, а тие кои го дозволија тоа, сѐ уште се на власт!
Еден месец по упадот на полициските сили во библиотеката Браќа Миладиновци, а настанот сѐ уште останува неказнет!
Еден месец од обединувањето на сите револтирани граѓанки, граѓани и граѓански движења во отпорот против системот!“, стои на официјалниот настан на Фејсбук.