689
За вториот дел од маркетинг кампања за здрав живот Владата ќе потроши уште половина милион евра. Парите ќе бидат за ТВ и радио спотови, билборди, реклами на интернет, во весници и на автобуси. Во овој дел од кампањата фокусот ќе биде ставен на свеста за значењето на редовната физичка активност.
Избрани се три компании кои ќе треба да ја реализираат кампањата и тие имаат рок од три месеци за подготовка на медиумските производи. Тоа би значело дека рекламите ќе почнат да се емитуваат од септември.
И за првиот дел од кампањата за здрав живот беа потрошени половина милион евра, па заедно со вториот дел, кампањата ќе чини вкупно еден милион евра.