768
Системот на Бирото на јавни набавки исфрли договор вреден околу 580.000 евра, пари кои ќе бидат потрошени за одржување на скопските фонтани од проектот Скопје 2014, објави 360 Степени. Јавната набавка ја спровеле ЈП „Водовод и канализација“ а работите ќе ги реализира фирмата „Хидротек“ од Скопје. Датумот на склучување на договорот е 13 јуни 2019, односно минатиот четврток.
Според тендерската документација, предмет на одржување се седум објекти:
- фонтана Воин на коњ
- четирите фонтани на Карпошово востание
- фонтана Мост око
- три фонтани кај Пресвета Богородица
- џампинг џет фонтаната на плоштадот
- фонтана Паднати херои
- фонтана ВМРО
Во договорот има и посебна ставка „Потребни резервни материјали, опрема и интервенции“.