682
Утрово во 8 часот и 30 минути е регистриран уште еден земјотрес во Охридско, со јачина од 2.5 степени по Рихтер. Епицентарот бил околу осум километри од Охрид, со длабочина од два километри.
Во текот на ноќта се почуствувани уште пет нови земјотреси од кои најсилниот на пет минути по полноќ со јачина од 3.8 степен по Рихтер и уште два од по 3 степени.
Кризниот штаб 24 часа е на терен. Досега се испратени 220 пријави од граѓани со оштетени објекти. Комисијата ги утврдува штетите и понатаму ја испитува стабилноста на објектите и потенцира дека се издржливи и тестирани за многу посилни земјотреси.
Но и покрај препораките голем дел од граѓаните со денови не престојуваат во своите домови. Денеска и воениот камп во Св Наум ги отвори вратите и понуди бесплатно сместување за Охриѓани кои имаат големи оштетувања но и оние кои поради страв сеуште не сакаат да се вратат дома.