Нови пет случаи на заразени со морбили се регистрирани од вчера до денеска, со што вкупната бројка на заразени од прогласувањето на епидемијата се искачи на речиси 200. Епидемијата на морбили вчера ја зеде и својата прва жртва, шестмесечно бебе од Куманово.
Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека досега се вакцинирани 50 проценти од невакцинираните, поточно извршени се 6.105 вакцинации. Сепак, на сила се уште е забраната во градинките да се примаат невакцинирани деца. Филипче се надева дека тоа ќе доведе до смирување на епидемијата.
-Тоа што е пропишано со законот за спречување на ширење на заразни болести во населенито. Искрено се надевам дека бројот на случаи со морбили од ден на ден ќе се намалува. Ќе продолжиме со оваа кампања за вакцинација и понатаму ќе биде забрането децата во градинка да се носат невакцинирани“, вели министерот за здравство.