Воените власти во главниот град на Украина, Киев, известија за зголемена закана од руски ракетни напади во раните утрински часови и соопштија дека воздушната одбрана работи.
Русите извршија стотици ракетни напади врз цели низ Украина од октомври минатата година, настојувајќи да ја уништат критичната инфраструктура и други цели. Во последните неколку недели, Украина соопшти дека ги оневозможила повеќето напади.
„Зголемена ракетна закана! Во регионот оперира противвоздушна одбрана“, објави Киевската регионална воена управа во порака на Телеграм.
Засега нема детали за евентуална штета.
Претставниците на Киев соопштија дека воздушната одбрана на градот ги одбила сите руски напади врз главниот град во текот на ноќта.
Шефот на градската воена управа на Киев, Серхи Попко, на Телеграм изјави дека нападот го извршиле стратешките бомбардери Ту-95 Ту-95МС од регионот на Каспиското Море, а веројатно и крстосувачките ракети Х-101/555.
Податоците за жртви и разурнувања се уште се утврдуваат, рече Попко, пренесе „Индекс.хр“