Нови јапонски цреши на улицата Максим Горки

by fokus

Нови јапонски цреши ќе го красат центарот на градот Скопје. Позната како улица на јапонските цреши, улицата Максим Горки во петокот остана без дел од дрворедот од јапонски цреши, а надлежните информираа дека дрвјата се отстранети бидејќи биле стари и болни.

Но од општината Центар информираа дека на нивно место уште денеска ќе бидат засадени нови 18 висококвалитетни дрва од истиот вид.

Новите украсни дрвја се примени како донација од вработените во претставништвото на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје.

Поврзани новости