Општина Аеродром нарача проекти за реконструкција на фасадите на осумнаесет згради на територијата на општината. За тоа, од општинскиот буџет ќе се издвојат околу 40 илјади евра.
Проектите ќе ги изработува „Инком инженеринг“, која има обврска договореното да го сработи во рок од една година.
„Според досегашните анализи, има десетици згради на кои им е неопходна нова фасада. Првично ќе се рефасадираат 18 згради, па потоа сигурно уште толку. Парите за таа намена ќе ги обезбедиме од сопствениот буџет. Ако се’ тече според планот, објектите ќе се реконструираат наредната година- изјави градоначалникот Ивица Коневски за Утрински весник.
Нови фасади се планирани за четири згради во Мичурин, една во стар Аеродром, три во Ново Лисиче и по пет згради во Острово и Аеродром.